Стоилковски: Цело СДС на сликање со бегалецот од затвор, оставки
-Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да одговори што бара во прегратка со овој човек, познат на сите СВР во Македонија? Но и да одговори за врските на Абдиовски со сите негови колеги.
-Министерот Љупчо Николовски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали и во кој дел соработувале? Можеби во делот со борба со корупцијата.
-Министерот за политички систем, Артан Груби мора да одговори за блискоста и евентуалната соработка со Абдиовски штом вака присно се фотографираат?
-Советникот во владиниот кабинет, Љубе Бошкоски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали му е соработник, дали му помага во привклекувањето на странски директни инвестиции?
-Поранешниот владин портпарол, а сега член на кабинетот на Стево Пендаровски, Миле Бошњаковски, мора да одговори на што се должи блискоста и непосредноста со Абдиовски за заеднички фотографии во Влада? Дали можеби имаат фотографии и од посети на Абдиовски и на Вила Водно?
-Стево Пендаровски, исто така мора да одговори за релацијата со Абдиовски, како очигледен член на неговиот изборен штаб и заеднички фотографии?
- Довчерашниот министер, па владин советник, сега амбасадор во чекање, Едмонд Адеми, за амбасадорско место воМадрид мора да одговори кога го примил и за што разговарал со Абдиовски, колку се блиски за вакви фотографии да излегуваат од министерски кабинет кога беше министер?
-Томислав Тунтев но и Агенцијата за цивилно воздухопловство чии што директор е мора да одговорат што барал Абдиовски во директорскиот кабинет, каква врска има меѓу нив двајца, што работа има Тунтев со еден човек баран од сите сектори за внатрешни работи , наместо да работи и да ги заработи оние 3.300 евра плата месечно?
-Миле Зечевиќ но и СДС мора да одговорат за врските на генералниот секретар на СДС со Нафи Абдиовски, неговата улога во изборните процеси во Македонија?
-СДС и владината служба мора да одговорат и за врските на Абдиовски со Зоран Заев, фотографија во неговиот кабинет со Мила Царовска, долгогодишна министерка во владата на СДС.
-Собранието, ама и ДУИ мора да одговорат што бара Талат Џафери да се фотографира со човек познат на сите СВР во државата?
Почитувани, оваа низа нема крај. Се работи за човек за кој што постои сериозни врски со СДС, со Владата, а има значително сериозно досие. И СДС повторно ќе глуми дека нема одговорност за неговото бегство, дека нема врска со него, ќе ги чува милениците директори, додека од затвор излегуваат сите кои што поседуваат владин фемили фото албум.
Вакви бегства не се случајни, затоа потребна е сериозна истрага што се случува со затворите, а тоа невозможно со овие лица на власт. Бараме оставка и одговорност веднаш, прво од Филип Андов Сокол, директор на Шутка, а претходно советник на Заев, како и оставка од сите во владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа