Средба Гаши-Памер: Австрија е наш економски партнер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Соговорниците изразија задоволство од средбата меѓу претставници на две пријателски земји, кои имаат развиено одлични односи во разни области, а во
Парламентите функционираат Пратеничките групи за меѓусебна соработка. Австрија е наш економски партнер и голем поддржувач на евроинтегративниот пат.
Во однос на членството во ЕУ, земјата се соочува со предизвици, но мислењето е дека целиот Регион треба што поскоро да стане дел од европското семејство. Да се работи на реформите во државата и да се креираат добри политики за идните генерации.
Присутните беа согласни дека соработката меѓу двете земји има потенцијал да се продлабочи, народите да се приближат, како и да се интензивираат посетите на највисоко ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа