Спасовски се пофали: Во октомври заштедивме 30% електрична енергија

Штедиме заедно денес, за да имаме утре, остварена е заштеда од 30 проценти електрична енергија за октомври годинава, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот на официјалниот фејсбук профилот соопшти дека биле инвестирани 500 милиони денари за енергетска ефикасност во објектите, 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов и 3.5 милиони денари во соларни панели.

Воедно, министерот Спасовски потсети дека биле реконструирани 78 објекти.

26.11.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега