Советот на Град Скопје изгласа пренамена на средства за ЈСП

 

Вечерва заврши вонредната седница на Советот на Град Скопје поради проблемот со платите во ЈСП Скопје.

Со 24 гласови „За“ на советниците, без ниту еден против или воздржан беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалничката со надлежните сектори најдоцна до петок до 12 часот да достави Одлука до Советот за прераспределба на средства за ЈСП Скопје.

Следната редовна седница е закажан за петок во 14 часот.

19.10.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа