Советникот на ГРОМ стана заменик градоначалник на Скопје
На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски.
Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.
Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.
Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот, информира градоначалничката Арсовска преку Фејсбук.
Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики Мајка Тереза поддржан од Европската Унија.
Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје, се додава во објавата на градоначалничката.
30.09.2022 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа