Шолц: Имаме проблем со работната сила

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал да види во Европа.

„Европа е посакуваната дестинација за милиони луѓе ширум светот. Можеме да бидеме горди на ова, бидејќи покажува дека правиме многу работи правилно и дека европските вредности се привлечни. Едно е јасно: ни треба имиграција. Тоа сега го гледаме на сите места каде што недостасуваат квалификувани работници: на пример, на аеродромите, во болниците и во работилниците“, рече германскиот канцелар во интервју за „Ел Паис“.

За да функционира сето ова, потребни се обврзувачки договори со земјите на потекло и транзит и на работниците да им се понудат повеќе легални начини да стигнат до Европа, вели Шолц, пренесува „Танјуг“.

Тој додаде дека функционалната миграциска политика мора да вклучува ефективна заштита на надворешните граници што е во согласност со стандардите на владеењето на правото.

„На Европа ѝ треба систем за азил отпорен на кризи. Наша должност е да им понудиме безбеден дом на луѓето на кои им е потребна заштита“, посочи тој и најави реформа на заедничкиот европски систем за азил.

05.10.2022 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега