Шилегов: Сериозни луѓе превенираат – другите се „менаџери“
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов со сериозни критики за неговата наследничка, Данела Арсовска по силното невреме кое го погоди главниот град и кое направи голем број штети.
-Сериозни луѓе превенираат. Другите се „менаџери“, вели Шилегов.
Тој вели дека Град Скопје има, или битребало да има Кризен штаб кој секојдневно би требало да прима информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.
-Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици, вели Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа