Шефот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен во Истанбул
Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен денеска во Истанбул, откако со помош на колумбиски пасош влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул.
Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува агенцијата Анадолија.
Лидерот на нарко картелот „Компанио Бело“ се барал од властите на Албанија и Италија, а бил и на црвена потерница на Интерпол за убиство, трговија со дрога, киднапирање, изнуда, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и нелегална трговија на оружје и муниција, пренесува Анадолија.
Според информациите од извори блиски до безбедносните сили, Реџепи влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, користејќи колумбиски пасош на име Бенџамин Омар Перез Гарсија.
Водачот на картелот е пронајден преку соработка на полициите на Италија и Турција во доменот на размена на разузнавачки информации.
„Компанио Бело“ е позната како криминална група од големи размери која се занимава со шверц на дрога од Јужна Америка во Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа