Серискиот убиец Рамон Ескобар го убил цимерот во затвор
Осудениот сериски убиец Рамон Ескобар е осомничен дека убил нов цимер во затворска ќелија во затворот во централна Калифорнија, соопштија денеска американските власти.
51-годишниот Ескобар ја делел ќелијата во затворот Северен Керн во Делано со Хуан Вилануева, чија смрт се третира како убиство, објави Одделот за поправки во Калифорнија.
Вилануева (53) во петокот околу 09:00 часот бил пронајден без знаци на живот и и покрај обидите да се спаси, многу брзо била констатирана смрт.
Убиениот издржувал доживотна затворска казна, со можност за условен отпуст, за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Ескобар, кој е осомничен за убиството на Вилануева, е сместен во самица, каде што чека истрага.
Судскиот лекар од округот Керн ќе ја утврди причината за смртта, соопштија локалните власти.
Ескобар отслужува доживотна затворска казна, без можност за условно ослободување, откако минатата година призна дека убил пет лица и повредил уште седум други.
Тој, исто така, призна дека ги убил својата тетка и вујко во Хјустон во 2018 година.
Обвинителите рекоа дека Ескобар побегнал од Тексас откако убил роднини и бил бездомник додека не почнал да убива во Лос Анџелес и Санта Моника во 2018 година.
Своите жртви ги убивал со секачи за жица или со безбол палка додека спиеле на улица или на клупа.
Сите биле бездомници, освен едно лице,пренесе Аваз.ба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа