Село во Шпанија бара жители: Најмладата жителка има 55 години

 

Шпанија се соочува со испразнување на селата

Селото Бихуеска се наоѓа на североистокот од земјата со регистрирани 98 жители, но само 18 од нив живеат во истото.

55 годишната Беатриз Гои е најмладата жителка на Бихуеска. Заедно со нејзиниот 60 годишен сопруг Хозе Луис поседуваат кафуле во селото.

Во септември, за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, шпанската влада организираше конференција за иднината на руралните места во Сигуенца, село на еден час возење од Мадрид.

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fnajmladata-zitelka-ima-55-godini-selo-vo-shpanija-bara-novi-ziteli&cb=d6c07e3516„Руралната депопулација е исклучително сложен проблем“, вели Игнасио Муиз, одговорен за планирање на политиките во шпанското Министерство за земјоделство.

Во својот говор исто така посочи дека им требаат млади луѓе кои ќе произведуваат храна. 

Од 18 жители во селото, осум се пензионери.

Постарите жители и властите се обидуваат да привлечат млади луѓе со воведување нови технологии во земјоделството, развивање на руралниот туризам и изнајмување на напуштени куќи.

29.01.2024 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега