Секој ден топол оброк за најпогодените граѓани

 

Соочени со сè поголема енергетска и економска криза во државата, грижата за најпогодените граѓани треба да биде меѓу врвните приоритети на секоја општинска администрација. Затоа, Општина Аеродром и детската градинка „Бубамара“ на дневна основа ќе донираат пакети со топол оброк на социјално ранливи граѓани, соопштија од Општината Аеродром.

Денеска управата на градинката потпиша меморандум за соработка со хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ-ОА „Свети Спас“.

Храната ќе се пакува во пакети и ќе се дели на сите социјално ранливи граѓани кои имаат потреба од топол оброк, секој ден во периодот од 14:00 до 14:30 часот во црквата Св. Никола во паркот „Јане Сандански“.

 

15.09.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега