Се верија Ченинг Тејтум и Зои Кравиц: На раката на ќерката на Лени Кравиц блесна прстен
Познатиот актер и миленик на жените Ченинг Тејтум и неговата колешка Зои Кравиц, ќерка на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, решија да ја официјализираат својата врска.
Ченинг и Зои првпат беа видени заедно во 2021 година, а набрзо потврдија дека се во врска.
Иако не сакаат јавно да ја изложуваат својата интимност и не сакаат да зборуваат за нивната врска, извори блиски до парот за „Пипл“ изјавиле дека тие двајца се свршени.
Неодамна беа фотографирани како заминуваат од забава за Ноќта на вештерките, а многумина забележаа веренички прстен на раката на младата актерка.
Кравиц беше маскиран во Розмари Вудхаус од познатиот филм „Бебето на Розмари“, додека Тејтум беше маскиран во бебе.
Парот засега не се огласи во врска со свршувачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа