Се урна дел од фитнес-сала во Кина - загинаа три лица
Три лица загинаа, а едно е полесно повредено кога се урна дел од фитнес-сала во округот Хуанан, провинцијата Хејлонгџијанг, североисточна Кина, соопштија локалните власти.
На местото на несреќата имало вкупно седум лица кога во понеделникот вечерта под тежината на снегот се урна дел од салата во градот Џијамуси, јавува Кинеското меѓународно радио.
До уривање дошло во понеделникот вечерта по неколку невообичаено студени денови со врнежи од снег.
Властите соопштија дека го привеле одговорното лице за салата и не соопштуваат повеќе детали. Сè уште не е јасно што го предизвикало уривањето на структурата. Истрагата е во тек.
Како што пренесува „Ројтерс“, тоа е втора ваква несреќа во истиот дел на Кина во последните неколку месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа