Се отстранува оштетениот бетонски ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија

 

Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во скопската населба Пинтија, информираат од ЈП „Улици и патишта“

–По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри, се вели во соопштението. 

Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид, од ЈП „Улици и патишта“ соопштија дека ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани. 

26.08.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега