Се јави Аркан Керим: Не ме интересира водовод - само туризам

 

Навистина ми е смешно да ме претставуваат како експерт за водовод и канализација кога освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил Аркан Керим откако денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали го познава и дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.

– Можеби мотивот зошто тоа го направивте лежи во овој лик тука. Овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите, не знам од каде дознале, дека е учесник на тендерот вреден 160 милиони евра – ја праша Галески Арсовска.

– Најодговорно ги отфрлам сите шпекулации. Ниту сум турски државјанин, ниту сум имал комуникација со актуелното градско раководство по ниеден основ – додава Керим.

 

15.09.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега