СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

 

Во период на светска економска и енергетска криза нема време за собирање ситни политички поени, туку е потребна посветеност и работа од сите општествени и политички чинители. Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да почне со работа во интерес на граѓаните, соопшти СДСМ.

Од СДСМ порачаа до ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да ги одблокира законите што ги кочи со месеци, а се во интерес на граѓаните и полесно пребродување на енергетската криза.

„Во соодветните комисии и на пленарните седници треба да бидат одблокирани Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, кој што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза. Потоа Законот за енергетика и неговите соодветни измени и Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза. Справувањето со последиците од кризата бара заедничка работа и посветеност, еве можност ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да стане дел од процесот на решенија за надминување на последиците од кризата“ додаваат од владејачката партија.

05.10.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа