СДСМ: Апасиев во параноја, а неговиот заложник Мицкоски во депресија

 
 
 
„Анти НАТО и анти ЕУ протагонистот, Димитар Апасиев е во параноја.
По дефиниција параноја е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Изнесувањето лажни обвинувања и општа недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата.
Додека Апасиев делува во параноја, неговиот заложник, Христијан Мицкоски е во депресија, се што кажа излезе обратно, се што предвидуваше и се надеваше му пропадна, му се клати фотелјата во Белиот дворец.
Мицкоски е човек кој со години зборува само за ново мнозинство кое само што не го постигнал и предврмени избори кои само што не се случиле.
Поминаа години, не само што нема ново мнозинство како што најавуваше Мицкоски туку владиното мнозинство ќе се зголемува а нема ниту предвремени избори.
Немало досега политичар на македонската политичка сцена кој немал став за клучни прашања за државата а она што го предвидувал излегло обратно. Буквлано се’ му пропадна на Мицкоски. Едно големо ништо."- стои во соопштението на СДСМ. 
27.01.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега