САД: Нема индикации дека три соборени воздушни објекти биле кинески или шпионски

 

САД засега немаат докази дека три неидентификувани воздушни објекти соборени овој месец се поврзани со Кина или со некоја странска шпионска програма. Тоа го соопшти денеска Белата куќа.

Американските власти „досега не виделе никакви индикации или нешто што конкретно укажува на идејата дека тие три објекти биле дел од програмата за шпионски балони на Кина или дека тие дефинитивно биле вклучени во напорите за надворешно собирање разузнавачки информации“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. 

14.02.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега