САД го спасуваат буџетот на БиХ - босанската армија побогата за 17 милиони долари

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, најави дополнителна финансиска поддршка од неговата влада за вооружените сили на Босна и Херцеговина, кои со години се соочуваат со хроничен недостиг на пари од државниот буџет.

 
Во пораката објавена на „Твитер“ на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Марфи ја честита годишнината од формирањето на уникатните вооружени сили на Босна и Херцеговина, создадени во 2006 година со спојување на претходните армии на ентитетите.

„Мојата земја се гордее со тоа. Денеска, со задоволство може да објавам дека оваа година САД издвојуваат дополнителни 17 милиони долари за поддршка на вооружените сили на Босна и Херцеговина“, рече Марфи.

Буџетот со кој располага Министерството за одбрана на БиХ и нејзините вооружени сили е на ниво под 300 милиони конвертибилни марки, односно 150 милиони евра, и со тие пари можно е да се обезбедат само основните функции на армијата.

Функционерите во владините тела од редовите на босанските Срби силно се противат на зголемувањето на средствата за армијата на БиХ и се за нејзино целосно укинување, што би го спречило евентуалното членство на БиХ во НАТО, што е и постојана тема на политички контроверзии во земјата, пренесе „Индекс.хр“.

02.12.2022 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега