Русите не мируваат: Нови воздушни напади на југот и истокот од Украина

 

Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили.

Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.

Се додава дека Русија можеби користи балистичко оружје за да ги нападне регионите Полтава, Черкаси, Дњепар, Харков и Кировоград.

Олех Кипер, началник на воената администрација на регионот Одеса, изјави дека тамошните системи за противвоздушна одбрана се ангажирани за одбивање на нападите од руски беспилотни летала.

„Постои веројатност од неколку бранови напади“, рече Кипер на Телеграм.

18.07.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега