Романска манекенка и актерка се појави на црвениот тепих и ги остави сите без здив (ФОТО)
Канскиот филмски фестивал доби неочекувана ѕвезда – романската манекенка и актерка Мадалина Генеу, која се појави на црвениот тепих и ги остави без здив сите присутни.
34-годишната Романка ги воодушеви светските медиуми и стана сензација на затворањето на престижниот фестивал во Кан.
Манекенката успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со легендарната актерка.
Некои мислат дека е поубава од Софија Лорен, а фановите на Инстаграм сметаат дека моментално е најубавата жена на планетата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа