Регулаторна: Скопјани да не ја плаќаат последната сметка за парно - има грешка

 

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, биле поскапени за 40 отсто, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции

„Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во нив не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава Владата и од тие причини имаме зголемени сметки. Со цел да се избегне непријатната субвенција, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција“, рече Бислимовски

За оние граѓани кои веќе ја платиле сметката, ќе има рефундирање на парите, односно, наредната сметка ќе им биде пониска. 

01.09.2022 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега