Реакција на ЈП „Паркинзи“ за грабежот на наплатен пункт на Комплексот клиники „Мајка Тереза“
Откако во вчерашниот билет на МВР беше објавено дека на 24.08.2022 во 22.04 часот бил пријавен грабеж на наплатен пункт на Јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пристигна реакција од претпријатието.
„На ден 25.08.2022 година(четврток) на неколку интернет портали излезе информација дека била извршена кражба на наплатен пункт на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде едно лице со закана со остар предмет од вработениот одзело пари од дневниот промет.
Во насока точно и веродостојно информирање на јавноста, би сакале да ве известиме дека оваа информација е неточна бидејќи ЈП Паркинзи на Општина Центар не стопанисува со споменатото паркиралиште“, информираат од претпријатието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа