Рама и ја даде на НАТО воената база која порано ја користеле Русите

 

Два борбени авиони полетаа за Кучова од базата Авиано на НАТО во Италија за да ја отворат авионската писта

Членката на НАТО, Албанија, денеска повторно ја отвори реновираната воздухопловна база од советската ера, која ќе служи за авионите на таа алијанса, во време на зголемена закана од Русија, изјави премиерот Еди Рама. НАТО потроши повеќе од 50 милиони евра за воздухопловната база Кучова за да го зајакне своето присуство во регионот. Воздушниот простор на Албанија е заштитен од Италија и Грција бидејќи таа нема свои борбени авиони.

„Ова е база која ќе додаде уште еден елемент за безбедност на нашиот регион на Западен Балкан, за кој сите знаеме дека е загрозен од заканите и неоимперијалистичките амбиции на Руската Федерација“,

рече Рама.

Тој додаде дека оваа база е целосно трансформирана и подготвена како нова тактичка база на НАТО, со важност што ги надминува границите на Албанија, оценувајќи дека тоа ќе „донесе нови можности за вработување за жителите на Кучова и за целиот синџир на услуги, што ќе влијае на локалната економија“.

Два борбени авиони полетаа за Кучова од базата Авиано на НАТО во Италија за да ја отворат авионската писта.

Базата се наоѓала во малиот град Кучова кој некогаш бил познат како „Сталинград“, додека советските и кинеските МИГ биле на готовност во случај на војна со Западот што никогаш не се случи.

Австрија, Германија, Италија и Данска најверојатно биле цели во тоа време, рече Рама.

„Денес живееме во друга ера и за среќа Албанија е на другата страна“,

додаде тој.

Албанија влезе во НАТО во 2009 година, а сега е во преговори со алијансата за изградба на поморска база во Порто Романо, на брегот на Јадранското Море.

 

04.03.2024 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега