Рачна бомба пронајдена на охридска плажа

Вчера во СВР Охрид било пријавено дека околу 06.00 часот во водите на Охридското езеро била пронајдена рачна бомба.

„Во водите на Охридско езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период“, информираат од полицијата.

МВР соопшти дека бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

18.08.2022 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега