Путин паднал по скали во неговата резиденција и се повредил?

 

Познатиот канал на Телеграм General SVR, кој пишуваше за лошата здравствена состојба на рускиот претседател Владимир Путин, сега тврди дека тој неодамна паднал по скали и го повредил задникот. Исто така додава и дека членовите на неговото обезбедување му помогнале да седне на стол додека не дојде лекарскиот тим.

„ Се верува дека се сопнал и паднал на грб, а потоа се лизнал неколку скалила надолу. Инцидентот се случил пред очите на неговите телохранители, кои веднаш реагирале. Тројцата му помогнале до најблиската фотелја и веднаш повикале медицински лица во неговата резиденција“, тврди неименуван извор.

Ова е едно од најновите тврдења објавени од рускиот телеграмски канал, кој од почетокот на конфликтот во Украина постојано пишуваше дека Путин наводно има рак и боледува од Паркинсонова болест. Официјален Кремљ постојано ги негираше овие тврдења.

Истиот извор тврди дека лекарите наводно „не можеле веднаш да го прегледаат претседателот бидејќи боледува од рак, поради што има сериозни дигестивни проблеми“, пренесува „Мирор“.

„ Пред прегледот, лекарите го придружуваа претседателот до бањата и му помогнаа“, вели изворот, кој не понуди никаков доказ за таквите тврдења.

И покрај ваквите тврдења, претседателот Путин вчера се појави на собир на млади научници.

Истиот канал минатиот месец напиша дека Путин не изгледал добро за време на прославата на Денот на националното единство во земјата. Во публикацијата тие напишаа дека Путин има големи болки и во последно време прима таблети и стероиди, а доказ за тоа е отекувањето на лицето.

Кремљ не се огласил во оваа прилика.

02.12.2022 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега