Првачињата од Општина Кисела Вода добија бесплатни ранци и училишен прибор

 

Сите 625 првачиња од 11-те општински основни училишта во Кисела Вода добија бесплатен анатомски ранец со училишен прибор и тетратки, во рамки на новиот проект „Ранче за секое прваче”. Дополнително, Општина Кисела Вода за наставата по физичко образование им обезбеди и ранец за спортска опрема, како и професионални фудбалски топки за училиштето.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го промовираше проектот во ООУ „Невена Георгиева Дуња” каде што присуствуваше на првиот училишен ден на првачињата.

 Рече дека во услови кога цените на училишниот прибор рапидно растат и годинава се повисоки за  50 отсто од претходната година, ова е солидна помош од локалната самоуправа која ќе им овозможи на сите семејства кои годинава првпат запишуваат ученик, 1 септември да им биде ден за радост и убави спомени, а не за финансиски грижи.
 
– Дополнително финансиско олеснување ќе биде и тоа што за првачињата обезбедивме и ранец за спортска опрема кој ќе им биде потребен за часовите по физичко воспитување, со што тие целосно подготвени влегуваат во училишните клупи. За годинава да почне уште поубаво, за двете училишта кои денес ги посетуваме имаме подарок, професионални фудбалски топки. На сите првачиња им посакувам многу успех, среќа, другарување и убави мигови во училишните клупи и сакам да нагласам дека ние, како Општина Кисела Вода, не само со овој, туку и со многу други проекти кои следуваат, ќе работиме секојдневно на унапредување на условите во кои се одвива наставата, рече Ѓорѓиевски кој
со претставници од Општината и од општинскиот Совет присуствуваше на приредба за првачињата.

 

Општина Кисела Вода соопшти дека тие присуствувале и на првиот училишен ден на основците од ООУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево.

01.09.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега