Прва трансплантација на матка во Британија: Жена донирала орган на својата сестра за да стане мајка
Успешно е извршена првата трансплантација на матка во Велика Британија. Имено, жена на 40-годишна возраст, која веќе има две свои деца, на својата помала 34-годишна сестра ѝ „подарила“ матка.
Во комплицираната 17 часовна операција за отстранување на матката од донаторот и нејзиното вградување учествувале два тима од осум хирурзи кои работеле во соседни операциони сали, пишува Дејли Меил.
Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, соопштиле од болницата.
Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд.
23.08.2023 - 18:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа