Пред да се породи и дошол во болница и ја застрелал во стомакот

Бремена жена на 35-годишна возраст е убиена синоќа од нејзиниот сопруг пред клиниката за гинекологија на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, каде што била примена во очекување наредните денови да се породи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што јавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори од државната болница и од надлежните органи, жената, која била во 41-та недела од бременоста, била застрелана од сопругот, 31-годишниот Сокол Халили, со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела.

Жртвата, идентификувана со иницијалите Х. М. е по потекло од селото Лугаџи во општината Витина, југоисточно Косово, а била во процес на развод.

Од Министерството за правда соопштија дека надлежниот суд во Урошевац издал налог за заштита на жената од насилниот сопруг, за кого во минатото имало неколку пријави за семејно насилство. Сторителот е во бегство и по него е распишана потерница.

По тешкото злосторство уследија бројни реакции во цело Косово, а осуда на настанот и сочувство до семејството на жртвата изразија, меѓу другите, претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, бројни личности од јавниот и политички живот, како и организации на граѓанското општество и здруженија за заштита на жената.

01.12.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега