Познатиот рапер им подлегна на повредите, откако бил избоден: Имаше само 36 години

 

Познатиот рапер Пет Стеј им подлегнал на повредите откако вчера бил избоден во раните утрински часови во близина на брегот на Халфакс, Нова Шкотска, Канада, пишува „Дејли мејл“.

Полицијата ја соопшти трагичната вест, а како што изјавија, по инцидентот итно бил пренесен во болница, но лекарите биле немоќни.

Братот на познатиот музичар ја потврди трагичната вест за „CBS News“, а мотивот за убиството се уште не е познат.

Познатиот музичар имаше 36 години, а само ден пред трагедијата гордо го претстави на јавноста спотот за новата песна „Warm up“.

Една недела претходно, тој го прослави петтиот роденден на неговиот син Калвин, за кој рече дека е неговиот вистински суперхерој.

-Постојано сум во неверување колку сумн јас среќен и колку си ти посебен. Често плачев од среќа размислувајќи за тоа и нашата посебна врска, напиша раперот во оваа прилика.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pat Stay (@patstay_902)

05.09.2022 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега