Познатата српска пејачка е единствената што призна дека завршила на лечење заради љубов

Пејачката Марина Вишковиќ е една од најатрактивните пејачки на естрадната фолк сцена. Таа сега зборуваше за музиката, за факултетот кој се уште го нема завршено, за плановите за иднината, но и за колапсот на емотивната врска која ја прекина по 10 години.

Марина крена голема врева со песната за алкохолот и таблетите, а сега го коментираше и текстот на песната.

„О Боже мој, каква е врската меѓу мене и таблетите? Навистина не сум зависник од таблети, иако нон-стоп пеам за таблети, веќе нема да го правам тоа (се смее). Шегата на страна, песната само метафорично зборува за фазата кога си емотивно и психички растроен поради некоја љубов. Тоа меѓудругото и мене ми се случи.

Но, сега сум супер, супер ми е сама со себе, па којзнае, можеби некој ќе се најде“ – открила и пејачката, објаснувајќи кој и помогнал да ја надмине љубовната криза.

„Одев на психолог многу долго. За жал, раскинувањето или разводот е многу тешка работа, потребно е време да се преболи. Ми требаше долго време да закрепнам бидејќи врската беше долга. Секој го преболува тоа на свој начин, но сега сум добро“ – вели Марина.

12.10.2022 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа