Повредени 26 полицајци во Германија на еритрејски музички фестивал во Хесен: Ги мавале со камења
Дваесет и шест полицајци се повредени за време на одржувањето на еритрејскиот музички фестивал во градот Гисен во централната покраина Хесен во Германија. Повеќето од нив биле погодени од фрлени камења. Полицијата одговори со солзавец и водени топови и приведе сто лица.
Околу 1.000 полицајци се мобилизирани од петокот за фестивалот, кој и минатата година беше проследен со инциденти. Фестивалот, кој завршува денеска, го проследиле две до три илјади луѓе.
„Фестивал Еритреја“ предизвикува контроверзии во еритрејската заедница во самата Германија. Нејзините противници ги обвинуваат организаторите дека се блиски до авторитарниот режим во оваа североисточна африканска земја.
Се верува дека главната причина за судирите за време на фестивалот е токму поделеноста во еритрејската заедница во Германија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа