Посебен режим на сообраќај од вторник до петок во Скопје

 

Министерството за внатрешни работи информира дека од утре (06.09.2022) до петок (09.09.2022) ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје.

МВР соопшти дека на 06.09.2022 (вторник) и на 07.09.2022 (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

Исто така, посебен сообраќаен режим ќе има и на 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) кога во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

„Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопштија од МВР.

05.09.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега