Поранешен помошник на Трамп осуден на 70 месеци затвор за упад во Капитол

 

Федерико Клајн, кој беше назначен од Доналд Трамп за помошник во Стејт департментот кога беше претседател на Соединетите Американски Држави, денеска беше осуден на 70 месеци затвор за неговата улога во упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

„Вашите постапки на 6-ти јануари беа шокантни и ужасни“, рече судијата Тревор Мекфејден за време на изрекувањето на пресудата, според Си-Ен-Ен.

Клајн беше прогласен за виновен претходно оваа година по повеќе точки, вклучително и напад на повеќе полицајци на денот кога поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Капитол.

„Ова е влада на закони. Ја изневеривте вашата функција“, рече Мекфејден.

Според судијата, Клајн го нападнал полицаецот за време на упадот во Капитол, велејќи му: „Не можеш да не спречиш“.

Адвокатот на Клајн, Стенли Вудворд, пред судот изјави дека поранешниот вработен во Стејт департментот не планирал да упадне во Капитол на 6 јануари.

Тој додаде дека Клајн „не ја изневерил“ својата позиција, туку присуствувал на протест што тргнал наопаку.

03.11.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега