Поради свршувачката, можеле да бидат уапсени: Швајнштајгер закупил цел парк во Лондон за да ја побара Ана Ивановиќ за жена
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се во брак од 2016 година. Нивната венчавка во Венеција беше светски настан. Папараците со денови го опседнаа градот, а нивната свршувачка, за која никој не знаеше, беше посебна како и свадбата.
Во поткастот на германски „Билд“, Бастијан раскажа како ја побарал Ана за жена, а неверојатната приказна ги воодушеви сите. Како што истакна, инспирацијата ја добил од филмот „Нотинг Хил“ во кој Џулија Робертс и Хју Грант тајно влегуваат во затворен лондонски парк.
Со оглед на тоа дека во реалноста тоа е казниво со закон, Бастијан не можел да го изведе предлогот на ист начин бидејќи и тој и Ана можеле да бидат уапсени за прекршување, но фудбалерот успеал и решил да изнајми цел парк во Лондон. Имено, кога поминале покрај познатата градина Розмед, портата била отворена, според однапред испланиран договор, а сегашниот сопруг на Ана им предложил да влезат и да разгледаат.
„Знаев дека Ана е исклучително љубопитна. Кога влеговме внатре, ја побарав за жена. Тоа беше целосно изненадување за неа“, рече тој, а потоа откри дека, според традицијата, дозвола побарал и од татко ѝ.
„Одлетав за Белград и ја побарав нејзината рака. Добив уште неколку поени од семејството затоа што научив да поставувам прашање на српски“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа