„Политико“: Украина има план во случај на атентат врз Зеленски, познато е кој би го заменил
Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше прашан во интервју за Си-Ен-Ен минатиот месец дали е загрижен поради руските обиди да биде убиен, тој одговори дека не може да си го дозволи тоа.
„Доколку постојано размислував за тоа, само би се затворил, како Путин кој сега не го напушта својот бункер. Секако, моите телохранители треба да размислуваат како да го спречат тоа и тоа е нивна задача. Не размислувам за тоа“, рече тој.
Поради стравот дека може да биде убиен, посетите на Зеленски во странство се планирани со најголема тајност. Тие стравуваат оти Кремљ, има искуство во операции за атентат, пишува „Политико“.
Според Уставот, линијата на наследување е јасна.
„Кога претседателот не е во состојба да ги исполни своите должности, претседателот на Врховната Рада на Украина ги презема неговите одговорности“, рече Микола Књажицки, опозициски пратеник од западниот град Лавов.
Претседателот на Врховната Рада – Руслан Стефанчук, член на партијата на Зеленски, нема особено висок рејтинг на доверба.
„Мислам дека тоа не е важно. Постои силен лидерски тим и мислам дека ќе видиме колективна влада“, рече Адријан Каратнички, висок соработник во Центарот за Евроазија на Атлантскиот совет.
Административниот совет најверојатно ќе го сочинуваат Стефанчук како носител, заедно со Андриј Јермак, поранешен филмски продуцент и адвокат кој е шеф на кабинетот на претседателот, министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба и министерот за одбрана Алекси Резников. Додека Валери Залужни, во тој случај би станал највисок генерал во земјата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа