Полицијата влезе во домот на млад штипјанец - му пронајде дрога

 


Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип вчера, во 17.25 часот, во Штип,  го лишиле од слобода штипјанецот С.Д.(29). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

29.11.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега