Полицијата фати на дело двајца крадци кои „оперирале“ во Пробиштип

Полициски службеници минатата ноќ во 00.30 часот ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип.

„Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.“, информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

05.10.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега