Подгответе се: Без струја утре делови од неколку скопски општини
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сопиште, Кисела Вода и Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје:
- од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Говрлево во Општина Сопиште,
- од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ крак – 22 во Oпштина Кисела Вода
- од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ во Општина Карпош.
17.08.2022 - 17:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа