По повод Светскиот ден на туристички водичи: Бесплатно разгледување на Скопје, Охрид и Битола
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје.
Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза.
-Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме Денот на туристички водичи, стои во соопштението.
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатно разгледување и на Охрид и Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа