Пендаровски ги осуди немирите: Интервјуто го откажавме бидејќи телевизијата се наоѓа во непосредна близина на Собранието

Претседателот на државата Стево Пендаровски ги осуди немирите пред Собранието и појасни зошто беше откажано интервјуто во ТВ 21.

-Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата која се наоѓа во непосредна близина на Собранието беше воспоставен посебен сообраќаен режим. Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии, напиша Пендаровски на ФБ.

 

 

05.07.2022 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа