„Паркови и зеленило“: Паднале над 100 дрвја во Скопје

 

 

Во Јавното претпријатие Паркови и зеленило пристигнале 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк.

Од претпријатието соопштија дека интервенирале со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи. Екипите работеле до 2 часот наутро при што биле расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.

„Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите:Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот. Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации“, соопштија од „Паркови и зеленило“.

 

31.08.2022 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега