Папата: Не ме пуштаат да одам во Дубаи, но сè уште сум жив
Папата Франциско во четвртокот рече дека има многу заразна и акутна форма на бронхитис, што го спречи да отпатува во Дубаи на климатскиот самит COP28, но исто така се пошегува дека е сè уште е жив.
Франциско, кој во декември наполни 87 години, во последните години имаше голем број здравствени проблеми. Неколкупати беше хоспитализиран, последен пат во јуни. Но, тој сè уште работи и се среќава со луѓе.
„Како што можете да видите, сè уште сум жив“, рече папата Франциско на семинарот за здравје и етика, според транскриптот на Ватикан.
„Докторот не ме пушти да одам во Дубаи. Причината е што таму е многу топло, од жештина се оди на клима и не е згодно во оваа ситуација со бронхитис. Фала богу што не е пневмонија. Тоа е акутен, заразен бронхитис“, рече тој.
Франциско рече дека нема треска, но зема антибиотици, потврдувајќи ја изјавата на Ватикан во средата.
Секретарот на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, во средата изјави за новинарите дека очекува да ја предводи делегацијата на Ватикан на разговорите за климата во Дубаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа