Паника во Полска: „Вагнер“ сега ќе ни биде уште поголема опасност

 

 

Групата „Вагнер“ сега ќе претставува уште поголема опасност за Полска, изјави полскиот премиер, Матеуш Моравјецки.

„Групата ‘Вагнер’ е уште посилна од порано или барем во иста мера ќе се користи како инструмент за провокација, уцена, напади како дел од дестабилизацијата на земјите што граничат со Русија и Белорусија“, изјави тој за новинарите.

Политичарот не сакаше да одговори на прашањето дали смртта на Пригожин во авионската несреќа е случајна или не, пишува „Комсомолска правда“.

Приватен деловен авион „ембраер“ се урна вчера во регионот Твер. Според руското Министерство за вонредни ситуации, во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, и сите загинале. Сојузната агенција за воздушен транспорт подоцна објави дека во авионот што се урнал биле Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин објавувајќи список со имињата на сите патници во авионот.

24.08.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега