Падна одлука: Град Скопје одвојува 15 милиони денари за најранливите категории на граѓани
Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје донесе одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во изност од 15 милиони денари.
„Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.
Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата.
Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.
Да се биде хуман значи да се биде човек, идејата за модерно Скопје можеме да ја реализираме само ако сме сите заедно во овие тешки моменти за граѓаните на Скопје“, објаснуваат од Град Скопје.
14.11.2022 - 16:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа