Османи му кажал на бугарскиот министер оти Ковачевски не ја критикувал бугарската политика туку некои политичари

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи му кажал на неговиот бугарски колега, Иван Кондов дека споредбата на премиерот Димитар Ковачевски на Бугарија со Русија се однесувала на некои политичари од Софија, а не на целата бугарска политика, изјави Кондов за БНР.

Бугарскиот медиум пишува дека министерот Кондов остварил билатерален разговор со Османи во обид да ги разјасни зборовите на Ковачевски.

„Тој се обиде да објасни дека де факто изјавата на премиерот е поврзана со конкретни политичари, а не со политиката на Бугарија, но јас го прашав зошто во оваа ситуација се споменува Бугарија, а не конкретниот политичар“, рече Кондов.

Според него, начинот на кој Северна Македонија продолжува да се однесува кон Бугарија, секако не е најбрзиот пат за нејзина интеграција во ЕУ.

„Некои од моите колеги го поставија прашањето за побрзо проширување или побрза писта. Нормално, од наша страна укажав дека е исклучително важно да се задржат сите обврски, вклучително и промената на Уставот. Исто така посочив дека сегашната ситуација и начинот на кој се споменува Бугарија – тоа сигурно не е начинот за побрза интеграција во ЕУ.

Прашан дали наишол на разбирање, Кондов кажа дека многу земји рекле оти Унијата е заснована на вредности, затоа мора да се исполнат сите барања за европска интеграција.

Ковачевски минатата недела на четвртиот самит на Советот на Европа оцени дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани

23.05.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега