„Ослободивме над 200 километри територија“: Се огласи Украина за контраофанзивата

 

 

Украина досега ослободи вкупно 210 квадратни километри во контраофанзива против руските сили, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Малиар на Телеграм напиша дека украинската контраофанзива напредува и дека Киев повратил 18 квадратни километри на истокот и југот од земјата во текот на изминатата недела, објави Ројтерс.

Taa истакна дека минатата недела украинските војници повторно зазеле седум квадратни километри во правец на Бахмут на истокот од земјата, со што повторно заземената територија во таа област ја зголемиле на 31 квадратен километар.

На југ, каде што украинските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Бердјанск и Мелитопол, тие во текот на изминатата недела повторно зазедоа речиси 11 квадратни километри, зголемувајќи ја повторно заземената територија во таа област на речиси 180 квадратни километри, изјави Маљар.

Таа рече дека руските сили напредуваат од крајот на минатата недела кон градот Купјанск во областа Харков.

Украина започна контраофанзива во јуни за да ја врати територијата окупирана од руските сили.

17.07.2023 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега