Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк во Скопје, соопшти полицијата.

Имено, синоќа во 19:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Илинден, во Градски парк, со боја бил оштетен споменикот на Гоце Делчев.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

05.10.2022 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа