Орбан: Добивме гаранции дека нашите пари нема да бидат дадени на Украина

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес гласал за испраќање пакет помош за Киев во вредност од 50 милијарди евра, бидејќи добил гаранции дека средствата на Унгарија од фондовите на Европската Унија нема да бидат испратени во Украина.

Според него, Унгарија имала две грижи – дека нејзините пари од фондовите на ЕУ ќе бидат испратени во Киев и дека Унијата ќе одлучи да додели пари на Украина за „премногу долг период без проверка“.

„На крајот развивме механизам кој гарантира разумно користење на средствата во Украина и добивме гаранции дека унгарските пари нема да завршат таму. По долги преговори, го прифативме овој предлог“, рече Орбан.

Сите 27 лидери постигнаа договор за дополнителен пакет поддршка за Украина од 50 милијарди евра, во рамките на буџетот на ЕУ.

Лидерите на ЕУ со тоа успеаја да го надминат противењето на Унгарија за обезбедување финансиска помош за Украина.

01.02.2024 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега