Општина Гази Баба субвенционира вградување уред за течен нафтен гас на возилата
Општина Гази Баба денеска објави повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на подрачјето на оваа локална самоуправа за 2022 година.
За јавниот повик на социјалните мрежи информираше градоначалникот Бобан Стефковски.
-Првпат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Јавниот повик е објавен денеска, 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година, напиша Стефковски на Фејсбук.
За условите за учество на јавниот повик граѓаните можат да се информираат на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-subventcionira-e-na-del-od-troshotcite-za-kupuva-e-i-vgraduva-e-na-ured-za-pogon-na-tng-metan-ili-drug-vid-na-alternativno-gorivo-vo-vozilata
Стефковски ги повикува граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат.
23.08.2022 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа